ВЛАСТА ПОДГОТВУВА НОВ БРАН АПСЕЊА: Заев и СЈО подготвуваат спектакуларни апсења како дефокус од двојазичноста и името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според се почестите информации во јавноста, власта подготвува серија од нови спектакуларни апсења со кои ќе се прави дефокусирање на јавноста од политиките и чекорите кои се превземаат и чќе се превземаат во скоро време.

Соочени со незадоволството на граѓаните од носењето на Законот за употреба на јазици, со кој се прекршија Уставот, законите и Деловникот на Собранието се погласно се говори дека треба да се посегне по апсење на лица од ВМРО-ДПМНЕ чија бројка може да достигне до 100 луѓе, во зависност од тоа дали репресалиите и заканите ќе постигнат посакуван ефект.

Овој бран нови апсења почнува со случајот со Васе Доневски, поранешниот директор на Службата со општи и заеднички работи пре Владата на Република Македонија.

Арафат од Финансиска полиција ќе биде новата Фатиме Фетаи

Улогата на нов спроведувач на желбите на Заев за што помасовни прогони треба да ја превземе Финансиската полиција и нејзиниот раководител Арафат Муареми.

Имено како што пишуваa медиумите уште во август месец минатата година, ефектот од работата на Катица Јанева очигледно дека не е доволен да го покрие хаосот што го креира Заев и сите антидржавни одлуки што СДСМ ги носи на штета на Македонија.

Најдено е решение во назначуваето на Арафат Муареми, истражител од СЈО, за директор на Финансиската полиција. На минатата седница на Владата откако е назначен за директор од страна на Заев, дадена е насока до министерот за финансии да го зголеми за 4 пати буџетот на оваа институција. Целта на зголемениот буџет е политичкото конструирање на идните случаи против ВМРО-ДПМНЕ да се спроведува токму преку Финансиската Полиција и преку Албанец како директор за да се прикаже во јавноста дека не се гонат функционерите на ВМРО-ДПМНЕ преку партиски кадровски решенија на СДСМ.

Дека институцијата ќе има зголемен буџет и дека ќе се занимава исклучиво со отпочнатата и незавршена хајка на СЈО, според наши сознанија признал и самиот Арафат пред потесниот колегиум на оваа институција.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This