ВЛАСТА ПОЧНА ДА СЕ ПЛЕТКА ВО КРИМИНАЛНА МРЕЖА: Заев не негираше дека компанијата на Вице не располага со механизација за ископ и превоз на јаглен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта започна сама да се плетка во сопствената криминална мрежа. Од позициите кои ги застапуваа пред некој ден дека немаат ништо фирмите на Заев со ископ и превоз на јаглен, вчера ретерираа и дојдоа до ставот дека сепак имаат механизација но дека истата наводно ја продале, истакна на денешната прес-конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека премиерот Заев не негирал дека во минатото компанијата на неговиот брат „Тотал Инжинеринг“ располагала со механизација за ископ и превоз на јаглен.

-Вистинските прашања на кои јавноста заслужува одговор се следниве: Ако „Тотал Инжинеринг“ продала опрема за ископ и превоз на јаглен, кому ја продала? Дали продажбата е извршена на компанијата „СВ – Инвест“ за која постои сомнеж дека камиони со налепници на оваа фирма, а кои се во сопственост на братот на Зоран Заев, Вице Заев вршат превоз на јаглен? Нема исто така одговор на прашањето, што бараат струмички регистерски таблици, на битолска фирма „СВ – Инвест“ чиј сопственик е со адреса на живеење во Охрид? Дополнително знаеме дека компанијата „СВ – Инвест“ има добиено работа од РЕК Битола за ангажирање на работници. Договорот е склучен во 4 очи. И висината од овој договор изнесува 21 милион и 240 илјади денари, истакнува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорѓиевски нагласува дека паралелно на оваа постапка во четири очи се одвивала и тендерска постапка за истата работа за која е објавен јавниот повик, но истата поради како што е наведено битна повреда во тендерската документација АД ЕЛЕМ ја поништило на 16.3.2018 година, односно 14 дена по склучувањето на договорот во четири очи, за слободно да може да се ангажираат лица преку фирмата „СВ – Инвест“.

-Според информациите кои дојдоа до нас според договорот на „СВ – Инвест“ ќе и бидат исплаќани 197 денари за работник од час, и тука исто така постои сомнеж кој треба да се расветли дека на работниците ќе се исплаќаат само 97 денари, односно 100 денари помалку од сумата која што ја добила фирмата „СВ – Инвест“. Раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговори каде ќе заврши разликата од цената која и се исплаќа на компанијата и цената која треба таа да ја исплаќа по работник, односно каде завршуваат 100-те денари разлика?, прашува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This