ВЛАСТА ПРАВИ МЕСТЕНКИ ЗА НОВИНАРИ И СОПСТВЕНИЦИ НА МЕДИУМИ: ДУИ го наместиле сопственикот на „Журнал“ – реагираат албанските партии!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Опозициските партии го осудуваат актот на министерот за економија, Крешник Бектеши со кој тој му постави “стапица”, сопственикот на Новинската Агенцијата Журнал, кого го покани на средбата и по 2-3 минути изненадно се појави градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари. Бектеши го поканил сопственикот на „Журнал“ , со цел да го замолчи и да престане со вестите со кои Журнал ја известуваше јавноста за тоа каде ги носат парите оние кои ја водат општината.

Опозициските партии „Алијансата за Албанците“ и „Движењето Беса“, остро го осудија ваквиот чин на министерот Бектеши и велат дека фунционерите треба да научат да даваат отчет за нивната работа било пред граѓаните или пред новинарите. Според нив, заканата кон медиумите и новинарите претставува закана за слободна мисла и слободата на изразување.

“Ние ја осудуваме вербалната закана на министерот за економија до сопственикот на информативниот портал ”Журнал”.Заканата кон медиумите и новинарите, е закана за слободата на мислење и слободата на изразување. Ние ги охрабруваме сите новинари и независни портали, да не паѓаат на заканите на политичките функционери, и истите да ги осудат пред јавноста, да ги пријават во судските органи, како и да ги информираат дипломатските претставништва во земјата. На нашите граѓани им е потребно и имаат право да бидат информирани за активностите на политичките претставници. Затоа ги охрабруваме и им честитаме на медиумите, кои транспарентно ги објавуваат несовесните злоупотреби на сите политичари, односно министри и други функционери на владата на СДСМ и ДУИ “, изјави Флакрон Беџети од Алијансата за Албанците.

Додека од Движењето Беса велат дека оние кои се на власт се должни да ги извршуваат своите должности одговорно и професионално овозможувајќи целосна транспарентност на граѓаните и медиумите.

“Министрите и сите фунционери се должни да ги извршуваат своите должности со одговорност и професионалност овозможувајќи целосна транспарентност во врска со тоа како се трошат парите на граѓаните. Во овој процес, поддршката на медиумите и нивниот слободен глас е во интерес на граѓаните. Крајно време е фунционерите да научат да даваат отчет за нивната работа, како пред граѓаните така и пред медиумите “, изјави за Журнал, портпаролот на Движењето Беса Орхан Муртезани.

Во врска со ова реагираше и НДП

“Новинарската работа е да се истражуваат социјални и политички појави, правилно и објективно информирање, а тоа ни малку не треба да се оспорува од никого. Така било, и така ќе остане засекогаш”, изјави претседателот на НДП , Весел Мемеди.

Новинска Агенција Журнал ја информира јавноста за потегот на министерот Бектеши со поставување стапица на сопственико на Журнал, со цел да го замолчи и да не објавува вести против Општина Кичево, односно барањето отчет за тоа каде се трошат парите на граѓаните на Кичево од страна на градоначалникот Фатмир Дехари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This