April 25, 2024, 10:18 pm

Власта прави мaнипулација, бришењето на историјата е coмнително поради условот со евроинтеграциите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Историчарот Митко Панов кој работи во Институтот за национална историја, коментирајќи го новиот Концепт за основно образование, вели дека со овој план се бришат учебниците по историја, а имајќи ја предвид целата политичка состојба, се фрла сомнеж дека тоа е поради условеноста на Македонија на патото кон ЕУ. Воедно тој додаде дека се прави манипулација, бидејќи и во Финска има засебен предмет историја.

Она што де факто ќе се случи е дека нема повеќе да има учебници по историја и изненадувачки е што концептот го планираат за наредната учебна година. Она што се случува во целава ситуација со политичката консталација во која се наоѓа Република Македонија, влева сомнеж особено од фактот што сите сме сведоци за условеноста на промената на учебници и историскиот и национален наратив за натамошните интеграции на Македонија, вели Панов.

– Изненадувачки проструи оваа вест и таа презентација на Концептот за промена на наставните програми во основно образование, особено што еве јас како вработен во Институтот за национална историја, моите колеги и самиот Институт од тоа што реагираа и колегите од факултетот од Инститот за историја при УКИМ се добива впечаток дека во креирањето на овој Концпет не е косултиран, тој што треба да биде, тие кои предаваат историја, потенцира Панов.

Тој вели дека финскиот модел врз кој се повикува МОН, не е таков каков што сакаат да ни го претстават бидејќи дури и во Финска се изучува предмет историја како засебен предмет.

– Јас имав проект каде правев компарација со наставните програми и она што се повикува министерството за финскиот образовен систем кој е еден од најдаптираните за современите времиња укажува дека и таму предметот историја се изучува во основно образование, одноено од општествени студии. Прво нема општествени науки, туку самиот назив е промашен, тоа се ученици кои учат во основно. Во тој контекст тоа што предметот историја се укинува де факто, бидејќи се спојува со нов предмет кој ќе се вика опшстествени науки во кој ќе бидат помести и географија, граѓанско, антропологија и философија, значи историјата ќе биде маргинализирана.  Во наставните програми во регионот и пошироко во Европа ниту една земја не го укинува предметот историја ниту го интегрира во друг предмет, бидејќи историјата има суштинско значење, истакна Панов.

На крај тој посочи дека во финскиот систем укажуваат дека целта на предметот историја е да се поддржат учениците во ргадењето на нивниот идентитет и да се промовира нивната изградба во активни членови на општеството кои ја разбираат различноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This