ВЛАСТА РАСТРЧАНА ОКОЛУ ЛИДИЈА НЕДЕЛКОВА: Власта ја подготвува Лидија Неделкова за нова претседателка на Судскиот совет!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта деновиве интензивно била растрчана да и помогне на Лидија Неделкова да стане член на судскиот совет, а потоа и нов претседтел на Советот, потврдуваат судски извори за Сведок.

Владини и партиски претставници се среќавале со судии на Врховниот суд, чиј број не надминува 20, за да осигураат гласови за поддршка на Лидија Неделкова, која е кандидат за член на Судскиот совет од редот на судиите на Врховниот суд.

До сега, од редот на Врховните судии во изминативе 6 години во Судскиот совет седеше судијката Јелица Крстевска. Пред да ја изберат Крстевска, не се пријави никој од Врховен, а сега, покрај Неделкова уште еден судија од граѓанскиот оддел поднел документи за Судски совет.

Огласот заврши, а на него се пријавиле повеќе кандидати од апелационите подрачја на Скопје, Штип, и Гостивар, од каде што треба да се изберат новите членови, како и од листата на националностите.
Мандатот за еден месец им завршува на Мери Дика Георгиевска, Јелица Крстевска, Влатко Самарџиски, Мирјанка Гоцевска Стефановска и Александра Зафироска, и на нивно место судиите треба да изберат нови членови, а шестото празно место треба да се пополни со избор во Собранието, преку Комисијата за избори и именување.

Лидија Неделкова според информации на Сведок од Врховниот суд, треба да ја добие поддршката од судиите (победува кандидатот кој има еден глас повеќе, независно колку судии гласале од редот на Судиите на Врховен) за да стане член на Советот, а со поддршка на новите членови да застане и на местото прв човек на Судски совет, менувајќи го сегашниот Зоран Караџоски.

Со доаѓањето на Неделкова на чело на Судски совет, идејата била да се расчисти веднаш со сегашниот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски, со кого Неделкова нема никаква комуникација, а против кого се води постапка за разрешување. Вангеловски од сегашниот совет, каде што и сам е член по функција, ја игнорира постапката и не доаѓа на закажаните сослушувања, постојано наоѓајќи некакво оправдување дека има обврски.
Со ова ќе се отвори и местото за прв човек на Врховниот суд.

Со Вангеловски се бара разрешување и на цел совет, но веќе пишувавме дека двајцата судии Албанци нема да одговараат бидејќи гласале против, а од македонците ќе настрада само Вангеловски, вториот судија ќе биде спасен поради здравствени причини, а третата веќе си средила со власта, па сега веќе е влезена и во Комисијата што ќе ја реформира тајната полиција, а одржува контакти и средби со високи претставници на СДСМ, блиски до Зоран Заев.

Лидија Неделкова е исто така блиска со Сашо Мијалков, кој и ја предложи за претседател на Врховен претходно, а во нејзино време беа избрани повеќе судии, а судството го доби прекарот „сваровски“, бидејќи судијката Сафија Лаличиќ која го спомена „сваровски“ во разговор со Мијалков тврдеше дека судијката Лидија Тупанчевска си го обезбедила местото кај Неделкова „купувајќи и сваровски подароци“.

Во рамки на убедувањето, на судиите од Врховен кои негодувале на рехабилитацијата на Неделкова, им било зборувано дека треба да се гледаат повисоките цели, а тоа е отстранување на Јово Вангеловски и уште неколку судии од судството, а тоа би можел да го направи само Судски совет со Лидија Неделкова на чело.
Лидија Неделкова беше во отворен конфликт со Владимир Панчевски и Јово Вангеловски, откако беше спроведена акцијата „Јустиција“ и беа уапсени неколку судии од одделот за прекршоци.

Синот на Лидија Неделкова работи во СЈО, што беше една од официјалните причини за нејзино изземање и тргање од кривичниот оддел на Врховниот суд, а таа во едно неодамнешно интервју изјави дека „ни Господ не може да им помогне на обвинетите од СЈО“.

Извор
Сведок.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This