March 29, 2024, 12:26 am

ВЛАСТА СЕ ИЗГЛУПИРА ДО МАКСИМУМ :Maкедонија нема договор за екстрадиција со Унгарија. Ќе доставуваат барање според Договор на СФРЈ со Унгарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија нема склучено меѓудржавен договор за екстрадиција со Унгарија со кој би го побарала експремиерот Никола Греувски да биде екстрадиран во Македонија.

Од Министерството за правда за „Макфакс“ потврдија дека нема потпишано договор за екстрадиција но дека преку други правни акти ќе побараaт од унгарските власти Груевски да ѝ биде испорачан на Македонија.

Правните акти преку кои ќе се бара екстрадицијата на Груевски се Законот за меѓународна правна соработка во кривичната материја, Европската конвенција за екстрадиција од 1957 година и одредбите од Договорот меѓу СФРЈ и Народна република Унгарија за заемна правна помош од 1968 година.

Македонија и Унгарија годинава потпишале договор за полициска соработка, па сега ќе се обидуваат и преку тој Договор

Интересно е што сега Владата ќе се обидува преку мешувладин договорот на Македонија и Унгарија кој годинава го склучиле за полициска соработка. Договорот меѓу двете држави е потпишан на 20 март 2018 година во Будимпешта, Унгарија, а го ратификувало македонското Собрание во јуни годинава.

Зелено светло во ист ден за Законот (26 јуни) дале и комисијата за надворешна политика и законодавно-правната комисија. На пленарната седница кога се гласал Законот присутни биле 96 пратеници, од кои „за“ гласале 62 пратеници.

Во изгласаниот закон пишува дека земјите ќе соработуваат меѓу другото и во полето на нелегалното поминување на границата. Но, договорот не се однесува на давање односно укажување меѓународна кривично-правна помош за кривични дела и екстрадиција.

Членот 3, пак, од договорот предвидува меѓудржавна соработка за нелегалната миграција, недозволеното преминување на лица преку државната граница, илегален престој на лица, непочитување на режимот на гранични проверки.

Законот предвидува Македонија и Унгарија да разменуваат класифицирани информации според Спогодбата меѓу двете држави за размена и заемна заштита на класифицирани информации, потпишан во јули 2014 година во Скопје.

Овој Догов е ратификуван од Македонија но не и од Унгарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This