March 28, 2024, 10:01 am

ВЛАСТА СЕ ФАЛИ СО ИНВЕСТИЦИИТЕ НА ГРУЕВСКИ: Индиската компанија која ќе инвестира во Македонија, договорена од екс-премиерот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Власта на СДСМ уште првите неколку месеци од своето владеење им објави војна на странските инвеститори, а јавноста уште долго ќе ги памети прес конференциите на владиниот портпарол кој инвеститорите ги третираше како криминалци обелоденувајќи ги нивните договори. Дополнително Владата на Заев ги укина и промоциите на држата како бизнис дестинација во странство. Да не заборавиме дека aко некогаш Македонија беше меѓу најдобрите во светот по леснотијата за старт на бизнис, во 2018 година беше рангирана на 47-мото место, што е уназадување за 25 позиции споредено со 2017-та

Во недостиг на квалитетнни економски политики и политика на привлекување на странски инвестиции во овие моменти власта се фали со инвестиции на компании договорени од претходната влада на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска од страна на вицепремиерот Кочо Анѓушев наводно беше најавена нова странска инвестиција и фабрика која наскоро ќе почне да се гради. Се работи за индиска „Малхотра“ која ќе произведува кабли наменети за автомобилската индустрија. Вицепремиерот Кочо Анѓушев, ја претстави како нова инвестиција донесена во овие година и половина, но „Малхотра“ веќе официјално беше објавена уште во 2016 година.

Да не заборавиме дека претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со екс премиерот Никола Груевски успеа да ја намали невработноста за 11 проценти, а просечната плата во државата да ја зголеми за 12 илјади денари. Во голема мера економскиот упсех на претходната влада се должеше на големиот број на странски инвестиции кои според некои конзервативни податоци отворија помеѓу 50 и 70 илјади работни места.

На човек се можат да му простат, но не и неговите успеси…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This