Под притисок од пораз, МВР на Спасовски врши притисоци и закани врз кандидатот на една политичка партија, поради што во текот на денешниот ден истиот неколку часа беше лишен од слобода и без причина малтретиран од полициски службеници. Откако службите утврдиле дека нема кривично дело, кандидатот за градоначалник го пуштиле на слобода.
Власта е уплашена и прибегнува кон притисок.
По преземањето на власта ќе има одговорност за сите вакви и слични случаи на злоупотреба на државните позиции. Пардон нема да има за помагачите на криминалната банда на Заев и Спасовски.
Доаѓа време на промени, народот е одлучен. Промени ќе има, тоа го знаат сите.