ВЛАСТА СПРЕМА AПCEЊE НА ИВАНОВ, МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГО ЗАГУБИ И ЈАЗИКОТ ВО ООН: Што се откри деталната прес конференција на претседателот Ѓорѓе Иванов?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија во овие тешки моменти за државата е единствениот легитимен и легален народен избраник, избран токму на непосредни избори. Македонија во овие 27 години немала политичар кој по искрено ги заштитувал националните и државните интереси. Токму поради оваа причина тој е редовна мета на провладините медиуми, а сега и на партиското обвинителство и судство кое се обидува да ја оцрни најчистата политичка фигура во Македонија.

На денешната своја пресконференција претседателот детално ги разобличи лагите и манипулациите на власта и Заев околу неговото улога за време на настаните од 27 април како и планот на власта за апсење на Иванов.

Иванов и пречи на власта бидејќи тој лично е последниот бедем кој може да го запре имплементирањето на Преспанскиот Договор како и двојазичноста, два клучни фактора за опстојување на неприродната коалиција на власт и Зоран Заев на премиерската фотелја. Тој по прашањето околу шпекулациите за неговото апсење, поставено од уредникот на Инфомакс, Александар Митовски одговори дека од оваа власт се може да се очекува.

-Во јавноста дел од медиумите шпекулираат дека се подготвува ваше апсење од страна на актуелната власт имате ли коментар во врска со тоа?

-Можат се да направат, кога видовме што се случува во овој период од кога се на власт, човек не треба ништо да го изненадува, но постојат институции во оваа држава, вели Иванов.

Иванов понатаму по поставеното прашање од нашиот уредник ги коментираше и грчките намери за амандман на Договорот од Преспа во ООН, истакнувајќи дека оваа е доволен доказ дека Грција никогаш не го признала македонскиот јазик спротивно на редовните тврдења на Зоран Заев.

-Вчера премиерот на Грција, господинот Ципрас најави дека ќе бара амандман во ООН со кој што ќе се дефинира македонскиот јазик како посебен јазик не јазик на македонскиот народ туку не знам како веќе сакаат да го дефинираат.

-Епа еве ви го одговорот кога цело време премиерот тврди дека ни бил признаен јазикот. Еве ви изјава, самите вие потврдувате до каде е признавањето на македонскиот јазик од страна на Грција. Инаку тој јазик знаете во официјалниот регистар на ООН никој не го оспорил досега, сите го користат како македонски јазик.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/935368149994354/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This