ВЛАСТА ТРОШИ 4 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА 700 НОВИ ВРАБОТУВАЊА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: За проблемот со аерозагадувањето ќе се одвојат само 1,5 милиони евра!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ си го покажаа своето вистинско лице. СДСМ покажа дека партиските состаноци и активности ги плаќаат граѓаните од свој џеб. СДСМ покажа дека се користат државни коли за партиски патувања и потреби. Државата е потчинета на партиските интереси на СДСМ, ова денеска преку соопштение до јавноста го потенцираа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Забеганоста нема крај. Додека народот гладува и 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, партиските функционери на СДСМ се луксузираат со државни ресурси а МЕПСО нарачува луксузен мебел од телешка кожа. Тоа се вика аздисаност. Зоран Заев и СДСМ бесрамно го спроведуваат планот да ја направат партијата држава, а државата партија. СДСМ прави класична злоупотреба на државните ресурси за сопствени и партиски цели. Наместо проекти и реформи за подобрување на животниот стандард, граѓаните на Република Македонија се сведоци на криминал, корупција, закани, уцени, непотизам, вработување на партиски војници, а сега уште и злоупотреба на државните ресурси, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека има 4 милиони евра годишно за 700 нови вработувања под државна капа а само едвај 1.5 милиони евра за проблемот со загадувањето од кој дневно умираат по неколку луѓе.

-Народот не е должен да ги плаќа луксузирањата на неспособната и криминална влада на СДСМ, Зоран Заев и некадарните министри. СДСМ се свесни за својот слаб рејтинг и се исплашени од предвремени парламентарни избори. Но, за Македонија да оди напред, за граѓаните да живеат подобро мора овие црнила на криминалниот картел на власт да завршат. Зоран Заев мора да си замине час поскоро, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This