April 26, 2024, 10:13 am

ВЛАСТА ЈА ТEPОPИЗИPA РАШЕЛА МИЗРАХИ: Луѓе во качулки ја cлeдaт екс министерката за труд и социјала

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат и замолчат. И не само што не ме замолчија туку ме направија уште поодлучна и похрабра.

Денес, конечно е време и јас ќе проговорам за сите обиди да ме замолчите и да ме заплашите, иако ваквите обиди датираат од поодамна, ги преминавте сите граници.

Денес ќе зборувам гласно затоа што антисемитизмот и вербалните напади, преминаа во писмени закани, следење, пречекување пред влезот во кој живеам и тропање по влезната врата од мојот дом во раните утрински часови…

Денес зборувам затоа што ми е доста од луѓе со качулки кои ме пресретуваат и фотографираат, луѓе кои со возила ми го пресекуваат патот, па бегаат, доста ми е од вашата монструмска желба да демонстрирате сила со викање, претење и силеџиство по семафори.
За сите овие настани се информирани надлежните институции.

Велевте рушиме режим, а вистината е дека воведовте режим.
Ветувавте живот, а донесовте понор, пропаст, сиромаштија, распад.
Ветувавте економија, плата, право, правда, а донесовте бес, чемер, беда, самоволие, силеџиство и диктат.

Покажувате колку сте силни од позиција на власт, од позиција на моќ, од позиција на РЕЖИМ, силеџиски се перчите над својот сопствен народ, а се виткате пред силните и успешните.

На крај, па и јавно велите дека ви треба камшикар, само што никогаш не ни кажавте дека тој ви е за нас, за тие кои не се виткаат, ви пркосат и не ви коленичат.

НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ,
А ПРАВДАТА ЌЕ ВЕ СТИГНЕ, пишува екс техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи на фејсбук.

Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме…

Posted by Рашела Мизрахи on Thursday, June 4, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This