April 19, 2024, 11:35 am

ВЛАСТИТЕ ЌЕ СЕ СПРАВУВААТ СО ПЕДОФИЛИТЕ:Турција сака да воведе хемиска кастрација на извршителите на сексуално малтретирање на малолетници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот министер за правосудство изјави дека властите сакаат да воведат хемиска кастрација за извршителите на сексуално малтретирање на малолетници.

„Судовите ќе одлучуваат за спроведувањето и траењето на хемиската кастрација за да ја сузбијат или намалат сексуалната желба“, изјави турскиот министер Абдулхамит Ѓул.

Во земјата владее гнев откако минатата недеа 20-годишник нападна четиригодишник на свадба во покраината Адана.

Обвинителството денес побара 66 години затворска казна за напаѓачот, пренесува Анадолија.

Хемиската кастрација веќе е воведена во Турција за извршители на сексуални злочини од јули 2016, но Државниот совет го спречи спроведувањето на законот бидејчи „дефиницијата на лекувањето и неговите граници биле нејасни“.

„На масата ќе бидат сите опции, сите мерки кои треба да се преземат за решавање на проблемот“, додаде Ѓул.

Портпаролот на владата Бекир Боздаг најави формирање шестчлена комисија, во која ќе членува и Ѓул, за истражување на начините за справување со малтретирањето деца.

Бројот на случаи на сексуално малтретирање деца порасна од 3.778 во 2006 година на 21.189 во 2016, според податоците на турското министерство за правосудство. Речиси 60 отсто од осомничените во тие случаи по 2016 биле осудени.

Женското собрание, турска организација за заштита на правата на жените, на Твитер предупреди дека хемиската кастрација е казна која не е во согласност со модерните закони и дека ги крши човековите права.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This