ВЛАТКО ЃОРЧЕВ: Владата веднаш, час поскоро да закаже итна седница на Владата посветена на иселувањето, состојбата е алармантна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Тема на оваа прес конференција ќе биде една од трите најважни, а можеби и најважна тема во моментов, а и за оваа деценија во Македонија, а тоа е поврзано со иселувањето. На претходните прес конференции ги кажувавме бројките, ги нотиравме трендовите, одевме од општина до општина соопштувавме статистички податоци. Реакција никаква нема од Владата, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев.

Тој посочи дека владата тоа немо го набљудува и буквално со прст не мрда.

-Како резултат на тоа најавата за оваа прес конференција е дека повторно, уште еднаш ќе зборуваме за иселувањето, а понатаму Владата нека  повели да реагира. Република Македонија се празни како никогаш во историјата. Цели семејства се иселуваат, цели општини буквално исчезнуваат. Се селат огромен број на луѓе и тоа веќе ги засега стотици и стотици илјади граѓани на Република Македонија. Иселувањето од Македонија е директна последица на  економскиот дебакл на економскиот тим на Владата на Зоран Заев, Кочо Анѓушев и Драган Тевдовски, истакна тој.

Ѓорчев рече дека ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата веднаш, час поскоро да закаже итна седница на Владата посветена на иселувањето, посветена на исчезнувањето на Македонија, посветено на катастрофалната економска, демографска и секакво друга ситуација во еден куп општини во Република Македонија.

-Ова е буквално алармантна состојба, а гледаме дека Владата буквално ништо не презема. Уште еднаш овој невиден досега во историјата на Македонија егзодус, иселување од Македонија е директна последица на тоталниот дебакл на економските политики на Зоран Заев, Кочо Анѓушев, Драган Тевдовски и министрите за странски инвестиции кои што имаат цели кабинети, возила и сите удобства а имињата не им ги знаеме. Една инвестиција не донесоа, едно ново место работно не отворија. Затоа заминуваат младите, си заминува народот. Народот ни се топи како снег во април, исчезнува државата. Ако нема народ, а очигледно дека ни снемува народ не може да има економија, не може да има пензиски систем, не може да има ни школски систем , не може да има ни здравствен систем, нема да има ни потрошувачи, нема да има ништо, туку буквално мртвило. Тоа се тие црнила за кои што зборуваме, посочи Ѓорчев.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека наместо живот донесоа егзодус и невидено, досега невидено иселување од Македонија.

-Пред себе ги имам бројките, но тие се навистина поразителни, ги кажувавме на претходните прес конференции. Секој може да се согласи дека состојбата е алармантна. За крај да го резимирам ова, би кажал уште една порака. Откако Зоран Заев и неговите министри се избрани за премиер,  министри, директори, и сето она што го окупираа како власт во Република Македонија, потрошени се повеќе од 5 милијарди евра буџет. Досега се потрошени повеќе од 5 милијарди евра, за следната година го имаат навестено и драфтирано, предложено најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, 3,7 милијарди евра. Ниедна Влада, 70 години наназад не исцедила и нема да исцеди повеќе пари од граѓаните и стопанството. Истовремено една шајка не е закована, една бандера не е направена. Досега се потрошени повеќе од 5 милијарди евра. Што е направено? Навестуваат 3,7 милијарди евра дека ќе потрошат, најголем  буџет во историјата на Македонија, ништо нема навестување дека ќе се направи. Парите се трошат, а тоа завршува во олигархијата која што очигледно во Македонија во моментов се создава, рече Ѓорчев.

Како што нагласи членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, резултатот е иселување, небиднина, црнила.

-Македонија, цели региони буквално биолошки и физички ги поклопува мртвило со училиштата што се затвораат, со семејствата што си заминуваат, со куќите кои што се празнат. Уште еднаш апелираме, Владата треба да преземе итни мерки. Владата на  Заев веднаш да закаже итна седница на Владата посветена на  ова, затоа што се работи за алармантна состојба, и втора работа веднаш час поскоро да бидат разрешени министрите кои што имаат тотално економско фијаско и економски дебакл. Тоа се министрите Анѓушев  како вицепремиер, министерот Тевдовски и министрите за странски инвестиции на кои што имињата не им ги знаеме , не донеле ниедна инвестиција, а имаат цели кабинети и одделенија под нив, рече Ѓорчев на денешната прес-конфренција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This