ВЛАТКО ЃОРЧЕВ: Германската фондација Конрад Аденауер и ЦДУ се наши стратешки партнери, ќе ја засилиме соработката

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, денеска се сретна со Јоханес Реј, директор на фондацијата Конрад-Аденауер, која што е блиска до владејачката партија ЦДУ.

На средбата тие ја потврдија соработката и си посакаа успешна работа во понатамошниот период.

Прием на германската 🇩🇪🇲🇰 фондација Konrad-Adenauer-Stiftung(КАС) блиска до владејачката CDU, партнер на ВМРО-ДПМНЕ. Заедно работиме и соработуваме со години билатерално и во рамките на ЕПП, тоа се нашите стратешки определби и партнери.

Честитки за успешната соработка на КАС со ВМРО-ДПМНЕ и желби за успепшна работа понатаму.

Срдечна средба со директорот Јоханес Реј. Мило ми е што бев нивен стипендијант од 2000-та година, како и учесник и предавач на бројни нивни програми во Берлин, Брисел, Бон, Келн, Стразбур и многу други места.

Ќе продолжиме интензивно да соработуваме. 🇲🇰🇪🇺. – напиша Ѓорчев во објавата на Фејсбук.

https://www.facebook.com/VladimirGjorcev/posts/2378158625544918

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This