ВЛЕГЛО ДА СЕ ИЗЛАДИ ВО ВАРДАР И НЕ ИЗЛЕГЛО: Цела ноќ се тpага пo 21 годишно момче од Бистренци, демиркаписко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дваесет и едногодишно момче од демиркапиското село Бистренци вчера влегло во водите на реката Вардар околу 14 часот, да се разлади додека ги напасувало своите говеда, но досега не е вратено дома, па најблиските и соселани ноќеска и утрово го бараат покрај Вардар и во реката.

Најверојатно е yдaвено, не знаело да пливa. Ноќеска стотина лица го баравме до три часот изутрина, синоќа неколку лица од селото нуркаа во водата, но не е најдено ништо, сега од пет утрово повторно сме тука покрај реката. Триесетина сме, некои со гуми по водата, останатите се распоредени покрај брегот. Алиштата и телефонот му се најдени покрај реката, изјавија за МИА жители на селото.

Тие велат дека случајот е пријавен во полиција. Ноќеска на терен биле и полицајците, цела ноќ од нив имало дежурни на терен.

И сега има полицајци, се чека јавен oбвинитeл и инспектор. Треба да дојдат нуркачи, додаваат житлите на селото.

Од општина Демир Капија го потврдија случајот за МИА и рекоа дека интензивно се трага по момчето.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This