March 28, 2024, 10:47 pm

Влегува ли Вујовиќ во трката за нов тренер на Вардар?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Кјелце во текот на вчерашниот ден потрди дека Вардар сака да го ангажира Урош Зорман како наследник на Роберто Гарсија Парондо на тренерската функција, вест која многумина познати луѓе во ракометните кулоари ја протолкуваа како јасна најава дека Словенецот ќе седне на жешкото столче во Скопје.

Парондо заврши неверојатна работа во сезоната во која сите го отпишаа Вардар од висок дострел, па поради тоа, не само што ќе има голем притисок, следниот тренер ќе мора да ги оправда и очекувањата на верните македонски фанови кои во последните години се разгалија на атрактивен и брз ракомет.

Зорман во овој момент е името кое посебно се издвојува за преземање на одговорната функција, а сега со интересен став на оваа тема излезе и легендарниот Веселин Вујовиќ кој добро знае какви ќе бидат очекувањата во Скопје. Урош е помошник на Вујовиќ во словенечката ракометна репрезентација, а во Вардар би требало да пристигне од Кјелце каде досега му беше и десна рака на Талант Душебаев.

– Ако најавите се остварат, ова ќе биде навистина интересен предизвика за Урош, иако мислам дека ќе биде доста непријатна ситуација за еден дебитант како прв тренер на еден тим. Многу играчи ќе си заминат и сигурно ќе има проблеми. Се што нема да биде одбрана на титулата во Лигата на шампионите, ќе биде неуспех во Вардар. Затоа мислам дека ова не е најдобриот предизвик за него, – вели Вујовиќ со доза на скептицизам во интервјуто за словенечка „Екипа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This