Влијателниот американски еврејски конгрес му ја честита изборната победа на Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Честитка за ВМРО-ДПМНЕ и за партискиот лидер Никола Груевски испрати Американскиот конгрес на Евреите, кој е една од најсилните организации во САД и има силно влијание во тамошната политика и во општествени текови. Во честитката, потпишана од претседателот на Конгресот, Џек Розен, како и од потпретседателот Мунр Казмир, се изразува надеж за понатамошна соработка со Македонија и со македонската влада, предводена од Груевски.

nikola-gruevski-press-640x327

„Американскиот конгрес на Евреите им ја честита победата на премиерот Никола Груевски и на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ на неодамна одржаните парламентарни избори во Македонија. Ги цениме извештаите на ОДИХР, како и другите меѓународни набљудувачи, дека изборите се одржале во слободна, фер и демократска атмосфера“, се вели во честитката.

Од Конгресот очекуваат добра соработка меѓу Македонија и Израел.

„Американскиот конгрес на Евреите се надева дека премиерот Груевски и неговата партија ќе продолжат со соработката со еврејската заедница во Македонија, како и со Евреите во целиот свет. Исто така, се надеваме дека ќе се одржат одличните односи помеѓу Македонија и Израел за политичките, економските, дипломатските и безбедносните прашања“, стои во честитката.

Оттаму потсетуваат дека претседателот на Американскиот конгрес на Евреите, Џек Розен, се сретна со премиерот Груевски во текот на годината во Њујорк за да дискутираат за градењето на Музејот на холокаустот во Скопје, како и за оформување фонд за холокаустот.

„Конгресот се надева дека изборите ќе отворат нови можности за Македонија и со задоволство очекуваме да продолжи соработката со премиерот Никола Груевски и Владата на Република Македонија“, стои на крајот од честитката.

Американскиот конгрес на Евреите е формиран во 1913 година и ги обединува сите Евреи во САД. Конгресот се смета за најсилна и највлијателна организација во САД со силно влијание на политичките и економските текови. При посетата на САД во октомври минатата година, делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Груевски се сретна со претседателот на оваа организација, Розен, во нивното седиште во Њујорк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This