ВЛОШЕНА Е СОСТОЈБАТА: 19 годишна повредена девојка е ВО ЖИВОTНА ОПАCНОСТ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пет лица се сместени на Одделот за интензивна нега во ГОБ „8 Септември“, од кои двајца се во кpитична состојба, по синоќешната автобуска сообраќајна несpеќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци, истакна вечерва директорот на Градската општа болница „8 Септември“ Христијан Костов.

Нагласи дека бројката на хоспитализирани лица од сообраќајката е се уште иста 28, а промени има само во преносот на различни одделенија. Другите повредни пациенти, посочи, се во добра општа состојба.

– На еден пациент кој имаше повреда на градниот кош, односно торакална тpаума, претходно синоќа му беа поставени два торакални дрена и заради влошување, во смисол на отежнато дишење, беше поставен на менахичка вентилација, а за подобра контрола и опсервација од торакален хирург, беше транспортиран на КАРИЛ, изјави Костов.

Потенцира дека најмладиот повреден пациент од сообраќајката што е сместен во ГОБ „8 Септември“ има 15 години, а најстариот 65 години, а останатите воглавно се млади луѓе.

Дежурниот хирург д-р Ежевит Кдри посочи дека се надева оти лекувањето на двајцата пациенти што се префрлени во Одделот за интензивна нега ќе заврши без оперативен зафат.- Тие се префрлени на ова одделение заради интензивниот мониторинг што може да им се пружи, рече Кадри.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This