ВЛОШЕНИ ОДНОСИТЕ ПОМЕЃУ САД И ЕУ: Меркел соопшти дека односите помеѓу ЕУ и САД се влошени поради иранскиот договор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Односите меѓу Европската унија и САД се загрозени поради одлуката на Вашингтон за повлекување од иранскиот нуклеарен договор, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

– Европа не беше слепа за активностите на Иран, но веруваше дека почитувањето на нуклеарниот договор е најдобар начин за напредување, изјави Меркел во обраќање на Конгресот на Конфедерацијата на германските синдикати.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај соопшти дека САД се повлекуваат од Договорот за иранската нуклеарна програма и најави возобновување на санкциите кон Иран, кои беа укинати согласно документот.

Трамп оцени дека договорот е лош и дека му овзоможува на Иран да не ги почитува ограничувањата и да работи на производство на атомска бомна.

– Јасно е дека САД со овој Договор не можат да спречет создавање на иранска атомска бомба, рече Трамп.

Велика Британија, Германија и Франција ја осудија одлуката на САД и ги повикаа останатите потписници да останат посветен на обврските од Договорот.

Договорот за иранската нуклеарна програма во 2015 година го потпишаа Иран и петте постојани земји членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција плус Германија.

Со Договорот, официјално наречен Заеднички сеопфатен акциски план, Иран се согласи на ограничување на својата нуклеарна програма во замена за укинување на меѓународните санкции кон земјата.

(Миа)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This