ВМРО-ДПМЕ БАРА ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ: Државата не смее да биде во заложништво на Заев, бараме предвремени избори заедно со претседателските

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните на Република Македонија се охрабрија, излегоа и се спротивставија на криминалите на Зоран Заев и неговиот картел на власт, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните кажаа НЕ за криминалните политики на Заев и картелот. НЕ за „едно евро за Вицето“. НЕ за сомнителни зделки како купувањето на гигантот „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера. НЕ на доделувањето тендери во „РЕК Битола“ или концесии за бизниси со марихуана или ископ на глина. Граѓаните му порачаа на Заев доста е со политичкиот терор и тортурата врз невини граѓани. Граѓаните порачаа, доста е од уривање на достоинството и продажбата на државните и националните интереси. Додека Заев и неговиот картел на власт стануваат се побогати, граѓаните се се посиромашни. Македонските граѓани со секој изминат ден живеат се полошо. Ништо од тоа што им беше ветувано пред изборите не е исполнето. Се што добија во оваа година се лажни ветувања и лажни надежи, прокоцкани шанси, нула економија и ниту една реализирана капитална инвестиција. Нема 500 евра минимална плата, земјоделците немаат повисоки субвенции, пензионерите немаат повисоки пензии, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари а нема ниту 600 километри нов автопат. Здравството е руинирано, болниците пропаѓаат, образованието е во слободен пад, универзитетите на дното на листите за квалитет, а младите се излажани и разочарани, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека не само што никој не се враќа во Македонија, туку се повеќе заминуваат.

-Државата мора да се врати на вистинскиот пат. Мора да се стави крај на криминалот, неработењето, тонењето на државата, стагнација на економијата и злоупотребата на институциите. Република Македонија и граѓаните заслужуваат промени, подобар и поквалитетен живот, заслужуваат сигурна и безбедна иднина за себе и идните генерации. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори. Државата не смее повеќе да биде во заложништво на Заев и неговиот картел. Република Македонија мора да оди напред. Граѓаните ќе стават крај на ова криминално и неспособно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро, заклучуваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This