April 24, 2024, 12:04 am

ВМРО-ДПМНЕ:Веднаш да престане политичкиот прогон кој го врши власта врз недолжни луѓе

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ ја гази демократијата и го деградира владеењето на правото. Република Македонија станува држава во која законите се само мртво слово на хартија. Трет месец неосновано се држат во притвор десетици граѓани како дел од политички монтиран случај. Лекари, актери, архитекти и видни општествени дејци се дел од политичкиот прогон кој го врши власта врз недолжни луѓе чиј единствен грев е што имаат спротивни политички убедувања од Зоран Заев, велат од ВМРО- ДПМНЕ.

-Притворените се соочуваат со кршење на нивните права во скоро сите фази во постапката. Притворот е користен како средство за тортура врз политички неподобните. Притворот е замена за политички посакуваната казна. Кршењето на слободата и правата на притворените и сомнеж за владеењето на правото во Република Македонија под власта на СДСМ поради политичките прогони изрази и Комесарот за човекови права на Советот на Европа, институцијата која ја донесе Европската конвенција за човекови права. Укажување кое беше занемарено од страна на власта, стои во соопштението и се додава:

„Кршењата на правата и непочитувањето на постапката беше нотирано и од Народниот правобранител. Факт кој исто така беше игнориран од страна на властите и МВР, кое се јави како прекршител на правата на уапсените. Дополнително осомничените се држени подолг период во притвор без притоа да биде преземено било какво дејствие во постапката против нив. Тоа јасно укажува на неоснованоста на истрагите и безидејноста на ОЈО кое очигледно само извршува нечии наредби. Судот кому му се сервираат сите овие конструкции мора да се издигне над моменталната ситуација на хаос и тортура од страна на властите и да работи исклучиво по Устав и закон“.

Судот, потенцираат од партијата, може да го запре овој прогон и да ги ослободи од притвор неосновано притворените граѓани.

-Судот мора да покаже дека има сила да ги спроведува законите. Во рацете на судот останува одбраната на демократијата. Мудрите и законски чекори на правосудството ќе придонесат Македонија да го задржи својот од кон ЕУ и НАТО. Институции чии единствени постулати се темелени на правото и демократијата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This