ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните не гласаа за луѓе кои се неискусни и непрофесионалци, кои се насилници и соработници на криминогени структури блиски до СДС

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Антиреформите на СДС земаат се поголем замав, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо исполнување на предизборните ветувања кон граѓаните, СДС ги исполнува заканите на Заев за бркање од чистачка до директор и поставување на партиски послушници.

Граѓаните се измамени и изманипулирани. Граѓаните гледаат како Заев и неговите соработници ја партизираат државата, полнејќи ја администрацијата со партиски послушници.

Нивниот пратеник Курто Дудуш најави дека членската книшка на СДС ќе станела втора лична карта. Тој што ја имал ќе можел да вози нерегистрирани автомобили и да прави прекршоци без да биде казнет.

Сега гледаме како ќе го реализираат. Преку поставување на партиски послушници на високи позиции во МВР. Таков е случајот со поставувањето на Стојанче Величковиќ за началник на СВР Куманово.

Да биде трагедијата уште поголема, Величковиќ беше жив фатен во криминал. Целата јавност го гледаше како се качува по автомобили, хистерично вика и држи политички говори, бегајќи од полицијата. Величковиќ, беше осомничен за кривични дела злоупотреба на службена положба и злосторничко здружување како и други дела за кои се гони по службена должност.

Кај него, според информациите од МВР објавени во медиуми беа пронајдени докази поврзани со изборните измами.

Сега овој кадар ќе треба да спроведува реформи. Трагедија! Тој може да ги спроведува само реформите на Курто Дудуш.

Тој ќе ја тера партиската агенда и кумановската полиција ќе ја претвори во партиски сервис на СДС. Како и секогаш, кога е СДС во прашање, криминалот ќе цвета. Дали некој памети една успешна акција на Оливер Спасовски кој цела година беше министер за внатрешни работи? Не.

Граѓаните на Република Македонија не гласаа за луѓе кои се неискусни и непрофесионалци, кои се насилници и соработници на криминогени структури блиски до СДС. Долговите кои ги има Заев и СДС нека најдат друг начин да ги отплатат, а не да ја продаваат државата и интересите кои треба да бидат пред се на секој политичар и премиер.

Срамот кој го имаат продавајќи ја државата и институциите, со поколенија нема да можат да го избришат!

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This