ВМРО-ДПМНЕ:Граѓаните од СДСМ и Заев очекуваат јасно, гласно и недвосмислено да се откаже од Тиранската Платформа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 СДСМ ја потценува интелегенцијата на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

vmro-dpmne-1

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Изборната програма на СДСМ беше поразена. Граѓаните јасно покажаа дека не веруваат на таа програма.

СДСМ денес се обидува да ја замајува јавноста само за да ја покрие антидржавната и антинационална политика на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Да го покрие прифаќањето на Тиранската Платформа која ќе значи редефинирање на Македонија во бинационална држава.

Граѓаните очекуваат СДСМ и Зоран Заев јасно и гласно да се откажат од Тиранската Платформа, и доколку тоа го направат ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка Заев да формира и да води Влада, ќе гласа закони кои таа влада ќе ги подготви, па дури и ќе даде поддршка на проекти кои СДСМ ги предвидува, колку и да се тие нереални и креирани со намера да ги манипулираат граѓаните.

Впрочем СДСМ кога имаше можност да направи нешто за граѓаните, тогаш од нив направи социјални случаи. Затвори 684 фабрики, отпушти 200 илјади работници, невработеноста ја качи на речиси 39%, а социјалните категории граѓани ги намалуваше не со реална помош туку со нивно бришење од евиденцијата.

ВМРО-ДПМНЕ ја зголеми социјалната парична помош во просек од над 60% во споредба со 2006-та година. Исто така и постојаната парична помош беше зголемена за над 60%. За граѓаните од ранливите категории беше извршен еднократен отпис на долгови со што беше отпишан долг од речиси 1,8 милијадри денари. За семејствата корисници на социјална помош секој месец се даваат неповратни финансиски средства од 800 денари за субвенционирање на потрошувачката на електрична енергија. Над 1.600 лица од социјално загрозени семејства беа вработени во јавната администрација, а преку големиот број активни мерки се отворија 170 илјади други работни места, што значат директна егзистенција на нивните семејства.

Еве ова се реални мерки кои граѓаните ги почувствуваа и затоа на последните избори дадоа поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, со цел успешните политики да продолжат.

Но повторуваме, граѓаните денес од СДСМ и Зоран Заев очекуваат јасно, гласно и недвосмислено да се откаже од Тиранската Платформа, бидејќи за тоа не гласаа на избори, а тоа е темата која денес Зоран Заев ја дебатира и отвора, која може да донесе несогледливи последици за Македонија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This