ВМРО-ДПМНЕ:На новиот министер за здравство, Арбен Таравари, му порачуваме многу да не се сили, да не скока, да се приземји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само што помисливме врз основа на CV-то на Таравари ќе биде солиден министер кој ќе си ја гледа министерската и стручна работа, ние веќе гледаме разулавен националист кој едвај чека да влезе во конфликт по национални, етнички и партиски прашања, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјвата на новиот министер за здравство, Арбен Таравари.

Му порачуваме многу да не се сили, да не скока, да се приземји, да не дојде брзо време да го моли за нешто ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно нема доволно политичко искуство, па ако станал министер мисли дека вечно тоа и ќе биде, и веднаш ја покажува својата ароганција и ксенофобичност.

Можеби тоа ќе му се допадне на неговиот шеф кој се храни со националистички и шовинистички изјави и со говор на омраза, но сигурно не е добра препорака за мнозинството граѓани кои очекуваат од него да го подобри здравството со реформи, а не без да е предизвикан да се кара со политичките партии и да се однесува незрело.

Господинот Таравари се впиша како министер чија прва изјава е дека ќе руши реформи, наместо да спроведува реформи, како што најавуваа пред изборите.

Арбен Таравари да излезе од улогата на политички месија, и да се започне да работи тоа што е, и она за што зема плата од граѓаните, министер за здравство.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This