ВМРО-ДПМНЕ:Незаинтересираноста и негрижата на владата на СДС за граѓаните на Македонија е се поочигледна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

 Незаинтересираноста и негрижата на владата на СДС за граѓаните на Република Македонија е се поочигледна, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие и буџетот го ставија во улога на алатка за партизирање на државата. Имено со новиот буџет кратат средства за капитални инвестиции, нема зголемување на пензии и социјална помош, нема зголемување на платата за 5% за вработените во администрацијата. Се кратат милиони евра за реформи во судството и полицијата, стотици милиони денари за канализации и водоводи, се кратат пари за центри за социјална работа, се кратат 1 милијарда денари за образованието, за студентски домови, за универзитети и уште десетици и десетици други проекти во интерес на граѓаните, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат и дека веќе е видлива големата нивна неспособност и големата потреба за расипништво.

-СДС преку ребалансот на буџетот предвидува дополнителни средства за вдомување на партиски војници, комичари, поети, твитер ликови, шарени револуционери кои поседуваат партиска книшка на СДС, која пратениците на оваа партија ја нарекуваат втора лична карта. Ова само најавува дека најмалку стотици милиони денари, пари на граѓаните ќе се плаќаат нивните партиски војници, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата изјавија и дека токму затоа во предложениот ребаланс на буџетот се предвидува зголемување на долгот за 150 милиони евра повеќе од планираното.

-Токму затоа во ребалансот на буџетот нема пари за минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари, плата од 100.000 денари за докторите. СДС ќе ги плаќа само луѓето на кои им должи услуга и кои со години ги манипулираа граѓаните во негова корист.

За сето ова ќе има одговорност, рекоа на крајот од партијата.

 

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This