March 29, 2024, 12:55 am

ВМРО-ДПМНЕ:Поради неспособноста на СДСМ, Македонија стана најзагадена држава во Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминативе денови градовите во Република Македонија беа меѓу најзагадените градови во Светот.СДСМ покажа дека е неспособен да го реши проблемот со загадениот воздух. Ветуваше итни мерки за почист воздух, а речиси две години ништо конкретно немаат спроведено, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, поради неспособноста на СДСМ, Македонија стана најзагадена држава во Европа, а не поминува ден Скопје да не е во десетте најзагадени градови во Светот.

,,Да потсетиме дека ноторна лага е дека во времето кога Христијан Мицкоски ја извршувал функцијата директор на ЕЛЕМ поскапела цената на струјата за 100%. Во неговиот мандат компанијата бележеше рекордно производство на струја, а вистинската причина за поскапената струја во државата треба да ја бараат во „бонбона бизнисот“ на Шекеринска кој го направи во 2005 година. Тогаш го продадоа Електростопанството на Македонија исто како што сега ги продава националните и државните интереси.

СДСМ го интересира само расипнички да го троши буџетот од кој патем скратува токму на ставката животна средина. Поради СДСМ е целосно сопрен процесот на вистинска гасификација во државата и нема абер да се отпочне секундарната и терциерната мрежа. Овој проект не само што ќе помогнеше во борбата со аерозагадувањето, туку и ќе обезбедеше евтин енергенс за граѓаните. Освен паралелна изградба на секундарната а потоа и изградба на терциерната гасификациона мрежа ВМРО-ДПМНЕ предложи сет конкретни мерки за справување со аерозагадувањето.

Да се постават најмалку 3 дополнителни статични и 4 мобилни мерни станици. Статичните да бидат поставени во близина на РЕК Битола, РЕК Осломеј во Кичево, како и Дрисла, а мобилните во Радовиш, Прилеп, Гостивар, како и во Петровец.Со ваквата распореденост на мерните станици во близина на рударските капацитети, каменоломи и аеродромот ќе може да се контролира состојбата на загадувањето во тие општини и градови, каде загадувањето е алармантно.Инспекциските служби, под итно како на државно, така и на локално ниво, да работат во зимски услови 24 часа и јавно, секој ден со име и презиме, да ги обзнанат најголемите загадувачи и, согласно тоа, мерките кои ги презеле, а доколку не се превземени мерки веднаш да следат соодветни мерки и казни.

Да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини, мерка која значително ќе помогне да се намали загадувањето од издувните гасови на автомобилите.Заев, Макрадули, Шилегов и СДСМ треба да знаат дека поради нивната негрижа околу 3.000 лица во Македонија умираат поради загадувањето.Државата и граѓаните се жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСМ да го решат проблемот со загадувањето. Затоа граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите црнила кои и ги нанесоа на Македонија, се додава во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This