ВМРО-ДПМНЕ:СДС потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 14 милиони евра набави 150 товарни вагони со кои се обнови после неколку децении возниот парк на Македонски железници. Со оваа инвестиција директно му се помогна на македонското стопанство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС потроши над 350 милиони евра што по основ на аукции на државни хартии од вредност, што по основ на трошење на девизните резерви.Од овие пари не се реализираше ниту еден проект. Од овие пари граѓаните не видоа никакво фајде, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека со 350 милиони евра може да се набават над 3700 вагони. СДС не набави ниту еден. Парите расипнички ги потроши без да реализираа ниту еден проект во полза на граѓаните.

– Да беше владата на СДС одговорна власт и барем една десетина од средствата ги искористеше за набавки на товарни или патнички вагони ќе ги зголемеше капацитетите на македонските железници за три пати. Со тоа ќе се помогнеше не само претпријатието, туку и граѓаните и фирмите кои ги користат овие услуги. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти, додаваат од партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This