March 29, 2024, 11:55 am

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев повторно лаже, Груевски не добил покана да сведочи за „Пуч“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аболицираниот криминалец Зоран Заев повторно ја излажа јавноста. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски не добил покана да сведочи за предметот „Пуч“, така што изјавите дека тоа е причината за одложување на денешното рочиште се само уште една во низата манипулации, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија

Политичкото слепило и непознавањето на процедурите од страна на Зоран Заев и Катица Јанева добиваат драматични размери па и двајцата мислат дека се и обвинители и судии. Двајцата денеска јавно се бламираа покажувајќи неупатеност во законската регулатива која во Македонија вели дека судот е тој што определува кога ќе изведува определени дејствија, а не обвинетиот Зоран Заев или Катица Јанева.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев е човекот кој јавно ги погази македонските судови, изјавувајќи дека нема намера да ги почитува нивните наредби и одлуки. Истиот тој аболициран криминалец сега е главен статист во фарсата која што ја играат со Катица Јанева. Заев е комотен затоа што знае дека има заштита од Катица Јанева. Аболицираниот криминалец Заев е комотен затоа што доби јавна благодарност од Соња Верушевска бидејќи Катица Јанева го ослободила од притвор Зоран Верушевски.

Тоа се двојните аршини кои политички ги наметнува Катица Јанева. Благодарение на Катица Јанева, битолскиот градоначалник Владимир Талевски е трет месец во притвор, а аболицираниот криминалец Зоран Заев на слобода.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This