ВМРО-ДПМНЕ: Ако се прават повеќе тестови за вирусот, СДСМ ќе нема аргументи да бара избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ, знаејќи дека поддршката кај граѓаните забрзано ќе им паѓа во наредниот период, брза на избори со цел да го намали сигурниот пораз, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на која повторно обвинија дека бројот на тестови за ковид-19 намерно се намалува со цел да се прикаже дека епидемијата стивнува.

„Неспособноста на власта се гледа и од податокот што како држава имаме смртност на милион жители повеќе од Грција, Бугарија и Албанија заедно, а бројот на тестирани ни е најмал во Југоисточна Европа. Во такви услови власта мисли само на себе, а не на сопствените граѓани. Во текот на вчерашниот ден излегоа со став и лекарите епидемиолози, кои се децидни дека за масовни собири од типот на избори се единствено можни само откако 28 дена по ред ќе немаме ниту еден нов случај. Изглед за намалување немаме“,
порача Дафина Стојаноска.

Таа посочи дека доколку бројот на тестови се зголеми ќе порасне и бројот на регистрирани случаи на ковид-19, а со тоа, вели, нема да има аргументи за да се бараат избори.

Само во текот на вчерашниот ден се заболени 14,5% од вкупниот број на тестирани, што очигледно е и една од причините поради кои Филипче не тестира, доколку тестира бројот на заболени ќе биде многу поголем, а СДСМ ќе нема аргументи да бара избори во ек на коронавирус и да го ризикува здравјето на граѓаните“,
истакна Стојаноска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This