ВМРО-ДПМНЕ: Апелациониот суд сега има шанса да покаже интегритет и професионалност и да ги поништи овие решенија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

(Интегрален текст од прес-конференцијата на Зоран Илиоски)

Барањето притвор од страна на СЈО за раководството на ВМРО-ДПМНЕ е само за да се изврши притисок врз судиите да не ја поништат одлуката на првостепениот суд за мерките одземање на пасош и јавување во судот еднаш неделно, кои на СДС/СЈО им се исклучително важни за терање негативна кампања против ВМРО-ДПМНЕ. Имено, сакаат да го донесат судот во ситуација, да ако го прифати барањата на одбраната на раководството на ВМРО, а ги отфрлат небулозните жалби за неприфатената мерка притвор, да личи дека завзел страна. Судот не треба и не смее да подлегнува на вакви трикови и политички игри. СЈО е политичка институција и алатка во рацете на една партија, и така треба да се третира.

Дека одлуката за мерки е донесена под притисок на власта се гледа и од образложението на судиите во прв степен за одбивањето на притворот. Барањето притвор исто како и мерките се само со еден основ: да не избегаат обвинетите. Судот кога ја образлагал во решението одлуката да не донесе мерка притвор дал доволно објаснување дека обвинетите нема да избегаат, од што станува јасно дека судиите во прв степен изрекле мерки само за да си купат сопствен мир од можни медиумски напади од власта и медиумите блиски до власта, како и од заканите на Заев дека ќе менува судии. Така на пример во случајот на Никола Груевски образложиле дека точно е дека Груевски често патувал, што всушност е и негова работна обврска, но секогаш се враќал, и само еднаш се случило да не се јави на распит во случај на уредно добиена покана. Тука пропуштиле да напишат дека дури и во тој единечен случај, адвокатот на Груевски уредно го известил СЈО за недоаѓањето заради претходно планирано патување и отвореност да се дојде во друг термин. Исто така, пропуштиле да напишат дека дури иако немал обврска писмено го информирал СЈО за детали околу патувањето и денот на враќање.

Слична е ситуацијата со останатите. Сите имале по некое кратко патување во време кога знаеле дека ќе бидат обвинети, но никој не избегал, а сепак судиите на сите им изрекоа мерки на претпазливост што е политичка, а не правна одлука и се базира на политички притисок врз судиите.

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ нема причина да бегаат, бидејќи немаат сторено никакво кривично дело. Обвинувањата против раководството на ВМРО се без никакви докази, празни, и чист политички прогон, со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата, договорот со источниот сосед, каде ќе се прифати дека македонската е бугарска историја и ќе се прифати промени во учебниците по историја, како и обврските по тиранската платформа.
Ако сакаа да избегаат имаа и доволно време и доволно информации дека ќе имаат фабрикувани обвиненија до 30-ти јуни. Сите тие патуваа најчесто службено, поретко и приватно во многу наврати откако СЈО јавно почна да зборува и да лиферува информации преку нивните блиски медиуми за тоа против кого ќе се поднесе обвинение. Сите до еден знаеја исто како и целата јавност дека и покрај тоа што немаат вина ќе добијат обвиненија. Патуваа и се враќаа. Јасно е дека никому не му паѓало на памет да бега, а ако сакале имале многу прилики при патувањата, да не се вратат.
Јасна е намерата на СЈО. Со притисок врз судот ВМРО-ДПМНЕ да се стави во нерамноправна положба особено пред следните локални избори. Самото одземање на пасоши и обврската за јавување во суд еднаш неделно, во очите на неупатените граѓани имплицира односно создава перцепција дека можеби постои вина кај нив. Со тоа судот станува директен учесник во политичкиот живот и политичката борба. Иако нема докази против едните, иако е јасно дека немале намера да бегаат, за да си ја задржат својата комоција, одредиле мерки за одземање на пасош, притвор и јавување во суд.
Апелациониот суд сега има шанса да покаже интегритет и професионалност и да ги поништи овие решенија, и со тоа да не стане учесник и дел од политичката игра на СДС.

Сосема е јасно дека овие предмети во судска постапка ќе паднат, а обвиненијата ќе се отфрлат бидејќи се без основа, без докази и исклучиво политички мотивирани. Затоа е важно за секој судија за еден ден да не се срами од одлуките кои некогаш ги носел водејќи се од политички конформистички пориви, а не од правни пориви како што доликува на секој судија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This