ВМРО-ДПМНЕ апелира: Власта да го почитува Деловникот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ апелира до власта да го почитува Деловникот на Собранието и предупредува дека законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило. ВМРО-ДПМНЕ смета дека законот за јазиците треба да се повлече и да се дискутира, оценувајќи го како неуставен, неприменлив и со долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија.

-Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија. Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно, по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија. Хаосот кој го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети на демократијата, но непочитувањето на деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној кој ќе ги прекрши- стои во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека патриотите кои се спротивставиле на недемократските процеси во Собранието, биле неправедно притворени и со тоа бил извршен силен удар врз демократијата во нашата земја.

-Политичкиот прогон мора да сопре. Беззаконието стана правило за постапување на власта предводена од СДСМ. Единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија, е судовите и институциите да се ослободат од канџите на власта и да работат по закон. Тоа значи и ослободување на патриотите кои што се обвинети во политички монтиран процес- бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, судовите мораат да ги укинат сите незаконити одлуки, донесени надвор од пропишаните процедури, а нарачтелите и извршителите, соодветно да одговараат.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This