ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОДГОВОРНОСТ: СДСМ се должни да одговорат кому му сметаат и кој ги фрли амандманите поднесени за неуставниот закон за двојазичност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Aмандмани поднесени на законот за двојазичност беа расфрлани околу Собранието. Тоа е факт кој го виде целокупната јавност. Ниту СДСМ ниту владејачкото мнозинство може да избегаат од тој факт со какви било манипулации. Тие се должни да одговорат кому му сметаат и кој ги фрли амандманите на ВМРО-ДПМНЕ, поднесени во врска со неуставниот закон за двојазичност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владејачкото мнозинство треба да и одговори на македонската јавност кој издал наредба и кои се лица учествувале во овој срамен и недемократски чин. Дали ова значи дека залудни се обидите за аргументирана дискусија и правно побивање на неуставните закони во Собранието и дека со доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт демократијата во земјава заврши во контејнер?, прашуваат од партијата и додаваат:

„Демократијата во Република Македонија не смее да биде погазена и понижувана на овој начин. Уште еднаш го повикуваме Собранието на Република Македонија што побрзо да спроведе истрага, да ги открие и санкционира сторителите на овој срамен и недемократски чин. Највисокиот законодавен дом во земјава не смее да си дозволи вакви недемократски постапки да останат нерешени и неказнети“.

Ваквите постапки, додаваат, нема да го спречат ВМРО-ДПМНЕ и понатаму да ги заштитува законите и Уставот. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори за еднакви можности на сите граѓани на Република Македонија.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This