ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ФИЛИПЧЕ: СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повторно се докажа дека Министерот за приватно здравство Венко Филипче не води грижа за здравјето на граѓаните, а таа негрижа се плаќа со човечки животи – реагираше денеска ВМРО- ДПМНЕ по случајот со починатиот пациент поради непримена терапија.

Од опозициската партија велат дека Владата предводена од аболицираниот Зоран Заев е неспособна и ѝ требаше година ипол да ги изготви измените на позитивната листа на лекови, а во меѓувреме пациентите ги губат битките со болестите.

Поради негрижата на министерот за приватно здравство секојдневно се нижат трагедии. СДСМ и Филипче докажаа дека единствено се борат само за лично богатење и богатење на поединци од СДСМ. Сето ова претставува уништување на се што е создадено во јавниот здравствен систем.
Одговорноста за ова мора да ја сноси министерот. Наместо да се затскрива помеѓу соопштенија треба да излезе, да им се извини на раѓаните и да си даде оставка – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This