ВМРО-ДПМНЕ БАРА 100.000 ДЕНАРИ ПЛАТА ЗА ДОКТОРИТЕ: Поднесен предлог закон за зголемување на платите на докторите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска  на иницијатива од пратениците  доктори  на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка и од останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, во Собранието на Република Македонија поднесуваме Закон за докторска дејност, информираше на денешната прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски.

Фото: Фокус

 

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме говорот на Ѓорѓиевски:

Денеска  на иницијатива од пратениците  доктори  на ВМРО-ДПМНЕ, а со поддршка и од останатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, во Собранието на Република Македонија поднесуваме Закон за докторска дејност.

Овој предлог закон го поднесуваме бидејќи иницијативата за ваков закон се јави уште од претходниот мандат, од пратениците доктори од тој состав и беше предвидено овој закон да биде донесен до крајот на мандатот, но заради политичката состојба во Република Македонија овој закон не го виде дневното светло.

Како најголема придобивка од донесувањето на овој Закон за докторска дејност е предвиденото вреднување на докторскиот труд односно утврдување на висината на платата преку колективен договор, која што би ја земале општите  доктори и докторите специјалисти од примарно, секундарно и терцијално здравство.

Имено, со овој закон се предвидува платата на докторите специјалисти да изнесува четири и пол просечни плати или 100.000 денари нето плата, додека пак платите на општите доктори да изнесува две и пол просечни плати односно 56.000 денари нето плата.

Покрај утврдување на висината на платите на специјалистите и општите доктори, Со овој закон нудиме и системско решение со кое ќе се подобри квалитетот на здравствениот кадар, квалитетот на здравствените услуги за граѓаните и ќе се спречи одливот на здравствените мозоци во странство.

Исто така, многу  важно е да се напомене дека овој закон е работен во консултација со Лекарската комора, Здружението на лекари и Синдикатот.

Оттука, како пратеници, сигурни сме дека со ова законско решение најмногу добива македонското здравство преку поквалитетни услуги на докторите и посветеноста во односот на докторите кон пациентите.

Бидејќи во предизборието од страна на СДС на оваа фела и се ветуваа промени во работењето и валоризација на трудот на докторите, ние како ВМРО-ДПМНЕ сакаме да го дадеме нашиот допринос со овој мотивациски и стимулативен закон како конструктивна опозиција, се со цел да се подобри дигнитетот и достоинството на оваа фела.

Исто така, сакам да нагласам дека со овој  предлог закон се заокружува еден огромен пакет на мерки на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на здравството во нашата држава каде покрај инвестициите во набавка на современа опрема низ сите здравствени установи во Република Македонија, реновирање и изградба на нови здравствени објекти, стручната доедукација на кадрите во Република Македонија и странство и мотивацијата на здравствениот кадар се со цел поуспешно и поквалитетно здравство за граѓаните на Република Македонија.

Почитувани,

Сега СДС е на потег.

Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме од парламентарното мнозинство на чело со СДС да го поддржат овој закон поради тоа што беше ветено од нивна страна во предизборниот и постизборниот период.

Затоа, очекуваме нивна поддршка, бидејќи сметаме дека ова е позитивна мерка и се надеваме дека веќе од август или септември оваа година докторската фела ќе може да го почувствува зголемувањето на платите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This