ВМРО-ДПМНЕ бapa лидepcкa зa здpaвcтвeнaтa и eкoнoмcкaтa kpизa и зa блokaдaтa oд Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпретседателот на BМРО-ДПМНЕ Александар Николоски информира дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски по состанокот на Извршниот комитет на партијата на кој ќе се утврдат позициите, ќе упати покани до лидерите на опозициските партии за оддржување на лидерска средба.

– Во однос на лидерска средба апсолутно сметаме дека ден поскоро час поскоро е потребна лидерска средба. Гледаме дека претседателот на државата закажува Совет за национална безбедност, се шпекулира низ медиумите дека ќе се прогласи кризна состојба, најмалку што треба да се направи е да се свика една лидерска средба на која ќе се разговара во однос на три прашања. Првата работа е здравствената криза предизвикана од корона вирусот, втората е економската криза предизвикана од корона вирусот и третата е блокадата на Македонија во однос евроинтегративниот пат и барањата од Бугарија за национално обезличување на Македонија и на Македонците. Така што таа средба очекуваме да се случи, повикуваме да се случи, тоа е начинот на кои што работат паметните држави. Со ова мислам дека ги кажав и темите на кои што би требало да се разговара и клучната тема на која што треба да се разговара на лидерска средба е формирање на Влада за национален спас која што ќе даде одговор на најголемата криза со која што Македонија се соочува во овие 30 години, здравствена криза, економска криза и национална криза – рече Николовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This