April 20, 2024, 12:30 pm

ВМРО-ДПМНЕ ВРТИ НОВ ЛИСТ: Мицкоски најавува платформа за Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на најголемата опозициска партија, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавува ново поглавје за својата партија. Според него во овие моменти партијата затвора едно поглавје и врти нов лист, ослободувајќи се од како што вели она што било напластувано изминатите години. Целта според Мицкоски е уривање на власта на Зоран Заев и СДСМ која нанесува огромна штета на Македонија. Тој ги повика сите оние кои имаат иста цел и мисија да се приклучат на опозицијата бидејќи борбата е за спас на Македонија, а најави и формирање на платформа за Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ затвора едно поглавје, и отвора друго. ВМРО-ДПМНЕ врти нов лист, ново поглавје во своето работење и се ослободува од она што било напластувано изминатите години, и силно се посветува кон уривање на оваа власт која нанесува огромна штета.

Затоа подаваме рака кон секого кој сака да ни се приклучи, бидејќи сега нашата мисија е натпартиска, сега нашата борба е поголема, се работи за државата, за спас на Македонија и градењето на една широка платформа во која е добредојден секој интелектуалец, секоја организација, секоја индивидуа која може да помогне, платформа за Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This