April 25, 2024, 11:57 am

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера на СДСМ му се случи народ, а на 11-ти декември ќе биде казнет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера на СДСМ му се случи народ. Ја видоа пораката и затоа расне паниката, порачуваат од владејачката партија.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

На граѓаните им е преку глава од кризи и деструкција. Сакаат конечно државата да се посвети на реалните проблеми. Сакаат отворање на нови работни места, нови фабрики, инвестиции во инфраструктурата, во образованието во здравството.

СДСМ ја виде вчерашната порака од народот. Време е за излез од кризата. Затоа веќе не може да го сокријат стравот. Народот е тој што ќе избере меѓу најобемната програма и конкретни проекти што ги нуди ВМРО и лагите и манипулациите на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Се ближи 11-ти декември, а тогаш на денот на изборите, на СДСМ ќе му се случи уште поголем народ. На СДСМ ќе му се случи референдум со кој граѓаните масовно ќе ги казнат за двете години конфликти, блокади и заложништво во кои ја држеа Македонија. Аболицираниот криминалец Зоран Заев е исплашен бидејќи поддршката од 63 пратеници кои ќе ги добие ВМРО ќе значи дефинитивен крај на неговата деструктивна политика и уривање на сите лаги со кои ги манипулираат неговите соработници дека без разлика што ќе изгуби, повторно ќе бил во Владата.

Аирлија избори!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This