March 29, 2024, 10:28 am

ВМРО-ДПМНЕ го осудува инцидентот во кој биле искршени стакла на Музејот на Албанската азбука во Битола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ го осудува инцидентот во кој биле искршени стаклата на објектот на Музејот на Албанската азбука во Битола, велат од партијата.

vmro-dpmne-1

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој настан е изолиран и мора да биде осуден од страна на сите со цел да се спречи евентуална негова злоупотреба за партиски и политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека негувањето на историјата и културата на секој народ е суштествено право и особено значаен елемент на едно мултикултурно општество какво што е македонското.

Ги повикуваме надлежните органи побрзо да го расветлат случајот и виновниците да бидат санкционирани. Овој инцидент е обид на одредени сценаристи да предизвикаат дефокусирање од актуелните политички случувања во државата. Апелираме медиумите да не го користат овој настан и да потпаѓаат под манипулациите, кои некој се обидува да ги предизвика во јавноста, бидејќи токму тоа е целта на оваа структура која и во минатото се обидувала на одредени инциденти да им придаде политичка конотација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This