April 24, 2024, 11:02 am

ВМРО-ДПМНЕ го поддржи кратењето средства за политичките партии, бара и Заев и Вице да ги донираат парите кои ги земаа од државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлука за кратење на средства коишто би се доделиле на политичките партии е соодветна на кризната ситуација во која што се наоѓа државата во однос на пандемијата иако сметаме дека одлуката е можеби и задоцнета, изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на новинарско прашање.

– Ќе беше многу попродуктивно доколку оваа уредба беше донесена уште во текот на месец март и овие средства уште тогаш беа употребени во одредени болници или места кои што се на линијата на фронтот против ковид-19. Но доколку логиката на актуелната влада и целта е да се насочат што повеќе средства за борба против ковид-19, тогаш апелираме до фирмите на братот на Зоран Заев и до фирмите на Кочо Анѓушев кои што добија многу големи средства од антикризните мерки, а се фирми коишто прават многу голем профит добиените средства од владата да ги уплатат во солидарниот фонд на Нина Ангеловска – рече Милошоски.

Според него, само на тој начин фамилијата Заеви и високи до вчерашни или сегашни владини функционери ќе покажат дека навистина сакаат да и помогнат на Нина Ангеловска да има повеќе средства за борба против пандемијата.

– И второ доколку владата навистина смета дека се потребни повеќе пари за борба против вирусот ковид-19 тогаш предлагаме оние средства коишто на контроверзен и многу брз начин половина милион евра владата ги додели на блиски невладини организации меѓу кои и невладината организација на Јасна Мандиќ поврзана со „Рекет“ и „Меѓунарониот Сојуз“ да ги пренамени и истите средства да ги донира на солидарната сметка на министерката Нина Ангеловска која што очигледно е дека е свесна дека буџетот е празен и моли за пари кои што би помогнале во борбата против пандемијата – вели Милошоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This