April 18, 2024, 12:12 pm

ВМРО-ДПМНЕ ГРАДЕШЕ, СДСМ KPAДЕШЕ: Додека Коста зборува за „белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, неговите сопартијци kpaдат дуќани низ Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако СДСМ милува да зборува за „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ, треба да има во предвид дека за разлика од нив, вмровците барем го изградија своето седиште со сопствени средства, поточно, седиштето на сегашната опозиција е изградена од страна на инвеститор кој ја компензирал вредноста на земјиштето со изградба на централниот штаб на партијата

 

СДСМ од друга страна пак, наместо да гради и да купува со сопствени средства, узурпира. Па така, како што благодарение на владата на Бранко Црвенковски, партијата на Заев доби државен објект за партиско седиште, сегашните социјалдемократи со помош на магии и трикови си узурпираат приватни имоти за сопствени штабски канцеларии.

Таков е примерот со ОО на СДСМ во Аеродром, информира за „Инфомакс“ Киро Тошевски.

Според Тошевски, деловниот простор кој во моментот го користи СДСМ во општина Аеродром е негов имот, односно имот на неговиот син, но од партијата решиле дека тие ќе си го узурпираат – па кој што сака нека каже.

Но за да биде ситуацијата поинтересна, овој дуќан за кој Тошевски и премиерот Заев имале преписка за време на економскиот самит во Солун, е отплатен со пари на друг бизнисмен – Зоран Азманов на начин што овој пуштил „позајмица“ на име на Тошевски во вредност од 270.000 евра. Овој ја отплатил хипотеката врз деловниот простор, а СДСМ се вселиле без прашање. Практично го узурпирале просторот.

Во шемата се споменува и Чифлиганец, кој благодарение на оваа „услуга“ добил и милостина од сватоштините (Вице Заев) за неколку дозволи и ДУП-ови на атрактивни локации низ Скопје.

Минатата недела Тошевски си го побарал дуќанот назад директно од премиерот, кој пак додека беше на економскиот самит во Солун му одговорил на бизнисменот дека ќе му го врати веднаш. Но, од ветувањето ништо.

Потоа бизнисменот од премиерот добил ветување дека ќе му се јави Златко Марин и со него ќе се заврши работата. Од јавувањето, како и од ветувањето на Зоран Заев, ништо.

Штабот на СДСМ во Аеродром си функционира редовно, иако просториите се узурпирани.

Замислете ја таа леснотија. Правиш „севап“ на еден бизнисмен, кој потоа бара услуга од друг бизнисмен, за на крајот третиот да го „јаде“. Притоа, третиот – во случајов Тошевски – купил деловен простор со негови пари, а од СДСМ без прашање си се вселиле во канцелариите. И си ги користат, мува не ги лази.

Но, можеби најтрагична е информацијата според која бизнисменот добил понуда да потпише антидатиран договор за кирија, односно, подарок со кој од СДСМ би добиле уште една амнестија за криминал. Според Тошевски, оваа идеја му ја предложиле функционери на општинскиот огранок.

Не само што тоа е криминал, туку ако ја имате во предвид леснотијата со која функционерите на СДСМ, па и самиот премиер даваат „шемаџиски“ предлози за решавање на проблеми – тоа прераснува и во социопатија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This