ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не гласаа за легализација на исто полови бракови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бракот е заедница исклучиво помеѓу еден маж и една жена. Така било, така е и така треба да остане. На Македонија не и требаат експерименти со исто полови бракови или посвојување на децата без родители од страна на двојки од исти пол, изјави денеска на прес-конференција пред Собрание на Република Македонија, Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Без никаква дебата и без никакви аргументи, власта предводена од СДС и ДУИ на јавноста вчера кукавички и го подметна предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, кој може да биде вовед во идно овозможување на посвојување на деца без родители од хомосексуални двојки, рече Ласовска.

Таа подвлече дека граѓаните не гласаа за исто полови бракови или отворање на можност хомосексуални двојки да посвојуваат деца. Ваквите законски измени ги немаа во своите програми ниту СДС, ниту ДУИ и затоа ние цениме дека е подмолно пост изборно да се подметнуваат вакви законски решенија.

-ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против индивидуалните слободи и изразување на сексуалната определба се додека тоа е согласно со закон. Според законот за семејство Член 6: „Бракот е со закон уредена заедница на живот на маж и на жена во која се остваруваат интересите на брачните другари, семејството и општеството. Односите помеѓу брачните другари се засноваат врз слободна одлука на мажот и на жената да склучат брак, врз нивната рамноправност, меѓусебно почитување и заемно помагање“, рече Ласовска.

Нагласи дека Македонија е традиционално општество каде се негуваат семејните вредности.

-Предлогот на пратеникот од владејачкото мнозинство сам по себе е спротивен на волјата и на ставот на огромното мнозинство граѓани за брак како заедница на еден маж и на една жена. Традиционалниот брак како заедница на еден маж и една жена во Македонија го поддржуваат и Македонци и Албанци и Срби и Турци и Власи и Роми и Бошњаци и христијани и муслимани и сите останати верски и етнички заедници. Истовремено, последнава недела иста група на активисти и сајтови блиски до СДС и парламентарното мнозинство се преполни со изјави за релативизирање на педофилијата, дефинирање на педофилите како маргинализирана група и признавање на исто половите бракови, заедно со посвојување на деца од хомосексуални двојки, рече Ласовска.

Според неа, СДС и Заев треба да го испорачаат тоа што им го ветија на граѓаните, а не да ги изигруваат граѓаните и да реализираат ветувања дадени пред некој друг.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This