ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните оправдано стравуваат дека Македонија е на прагот да биде разнебитена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од тиранската платформа и намерата да води тиранска влада и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска влада или да излезе повторно на соочување со народот.

vmro-dpmne-1-2

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачува дека Зоран Заев и СДСМ треба да го чујат гласот на народот и потенцира дека Заев си поигрува со националните и државните интереси.

– Граѓаните што го дадоа својот глас за наводниот план за живот, а добија план за редефинирање на државата се најразочарани. Последното што граѓаните можеа да го видат од Зоран Заев е неговата соработка со Зијадин Села, човекот кој македонскиот народ го множи со нула, кој не признава македонски идентитет, кој не ги почитува македонската химна и македонското знаме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат – зарем Заев е подготвен да коалицира со Села само за да се добере до власт и додаваат дека е подготвен на сè  само за да се спаси од судските постапки што се водат против него.

11822508_1444760022518478_1502137596012828168_n

– Заев покажува дека не само што е подготвен да прифати тиранска платформа и да води диктирана тиранска влада, туку е подготвен да го моли за потписи и човекот кој отворено кажува дека македонскиот народ не постои. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е до гуша заглавен, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно и погласно – потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните, додаваат, токму затоа оправдано стравуваат дека Македонија е на прагот да биде разнебитена.

– Излезот од ова се две решенија. Или Заев јавно да се откаже од тиранската платформа и намерата да води тиранска влада и да ја прифати понудата на ВМРО-ДПМНЕ да добие поддршка за малцинска влада или да излезе повторно на соочување со народот, па ако сака нека ја искористи тиранската платформа како основа на својата партиска изборна програма, која граѓаните ќе може јасно да ја прифатат или отфрлат. Само така граѓаните ќе знаат дека не се изборно измамени од страна на СДСМ и Зоран Заев – потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This