ВМРО-ДПМНЕ: Дали Бејли изнесува негов став или официјален став на новата администрација во САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ јавно се произнесе дека ситуацијата во Македонија е зрела за нови избори, Амбасадата на САД во одговор на новинарско прашање ги повика партиите да ги продолжат разговорите за формирање на нова Влада, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne-2-1-640x363

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Одговорот на новинарското прашање следеше откако не беше постигнат договор за формирање на Влада во уставниот рок и СДСМ излезе со став дека треба да го добијат мандатот, иако тоа не е предвидено со Уставот.

Со оглед на дискусиите во јавноста кои ги отвори овој став на Амбасадата, ВМРО-ДПМНЕ бара појаснување дали нивната позиција значи дека САД сугерираат и бараат од Република Македонија и од партиите во парламентот да нема нови предвремени парламентарни избори и дали овој повик може да се толкува како официјален став на новата администрација во САД, партиите со постоечкиот распоред на силите од последните избори да состават нова Влада?

Ова прашање го поставуваме јавно бидејќи ставот на Амбасадата беше изнесен јавно и создаде конфузија при неговата интерпретација во јавноста, па би било добро и појаснувањето да е јавно.

ВМРО-ДПМНЕ како партија под чие водство Македонија потпиша декларацијата за стратешко партнерство со САД во 2008 година останува на позициите дека двете земји треба да ја продолжат соработката во духот на таа декларација.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This