ВМРО-ДПМНЕ: Да се санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска го осуди и побара надлежните органи да го расчистат вчерашниот инцидент на фудбалскиот натпревар во скопски Чаир, во кој, наведуваат, се промовираше мапа со голема Албанија во чии граници има и делови од Република Македонија.

vmro-1

ВМРО-ДПМНЕ, како што истакна на прес-конференција Жаклина Пешевска од оваа партија, бара надлежните да го санкционираат побудувањето на националистичките страсти и ширење на етничката нетрпеливост.

Пешевска  потенцира дека тоа е втор таков случај на оспорување на територијалниот интегритет и суверенитет за кус период, откако пред  неколку недели во центарот на Куманово од јарбол беше симнато македонското државно знаме и на негово место беше развиорено знамето на Албанија.

– Најголемата одговорност за ваквите напади кон Македонија и македонскиот народ и кон сите државни и национални обележја лежи токму во сервилниот, поданички и антидржавен однос на криминалецот Зоран Заев. Само за да се дограби до власт, иако загуби на декемвриските избори, Заев ги прифаќа сите антимакедонски уцени и се согласува на сите отстапки кои одат на штета на државните и националните интереси. Заев е убеден дека доколку ја реализира тиранската платформа и доколку молчи за симнувањето на македонското знаме, мапите на голема Албанија или изјавите на Зијадин Села, ќе успее да формира тиранска Влада и да се спаси од кривична одговорност за криминалите што ги има направено, рече Пешевска.

ВМРО-ДПМНЕ, како што наведе Пешевска, апелира до раководството на СДСМ да ја отфрли тиранската платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за таа платформа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This