ВМРО-ДПМНЕ ДЕМАНТИРА: Обезбедувањето на Груевски наводно од службен телефон се јавувало на обвинетите за 27.април, од партијата негираат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО ДПМНЕ ги демантира информациите лиферувани во одредени медиуми блиски до власта дека наводно човек од обезбедувањето на Никола Груевски дал наредба за активности поврзани со настаните на 27 април. Тоа е комплетно неточно

Ниту има таква работа, ниту пак тоа го пишува во обвинителниот акт кој го има поднесено обвинителството. Против посоченото лице не е покренато некакво обвинение, што значи дека се работи за вешто спакувана лага со цел да се манипулира јавноста, велат од партијата.

-Скандалозно е што во јавноста протече цел обвинителен акт, при што на одговорност треба да се повика Претседателот на Судот Иван Џолев. На СДСМ сега му треба одвлекување на вниманието од криминалите на Зоран Заев и тоа се испорачува преку оркестиран напад против ВМРО-ДПМНЕ. Случувањата од 27 април се реакција на нелегитмната и нелегалната акција која ја спроведе СДСМ, Зоран Заев и Талат Џафери, сти во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно некои од медиумите објавија дека обебзедувањето на Груевски контактирало со дел од обвинетите, на кои им давале инструкции

„Откако од телефон, сопственост на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Р.М. НН лице од обезбедувањето на Никола Груевски, тогаш претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, а кои се наоѓале во Виена, Австрија, во 14.30 часот контактирал со обвинетиот Александар Василевски Нинџа, сега недостапен на органите на прогонот, кој потоа заедно со обвинетиот Никола Митревски Кољо, телефонски ги конрактирале обвинетите Јане Ченто, Игор Југ, Младен Додевски, Захарие Симовски, Михаил Младеновски и Дејан Давидовски Дешо, сега недостапен на органите на прогон, го мобилизирале членството од Скопје и други градови, за насилен упад во Собранието, однапред знаејќи дека објектот на Собранието не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили“, пишува во обвинението.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This