ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВА И НОВ ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР: Христијан Мицковски е новиот ген.сек на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на Машински факултет Христијан Мицковски, актуелниот директор на ЕЛЕМ, е избран за нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница. Тој доаѓа на местото на Емил Димитриев, кој четири години ја извршуваше оваа функција.

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен Комитет, со едногласна поддршка од Централниот комитет, објави на Фејсбук Антонио Милошоски.

За нови членови се избрани:
– Проф. Драги Димитриевски, Земјоделски факултет
– Д-р Игор Николов, Клиника за нефрологија
– Проф. Христијан Мицкоски, генерален секретар
– Зеќир Рамчиловиќ, пратеник
– Александар Николоски, меѓународна соработка
– Џери Наумов, странски инвестиции
– Златко Перински, м-р за човечки ресурси
– Никола Србов, историчар
– Славе Трпески, Катастар
– Ане Лашкоска, пратеник
– Сеад Солаковски, лекар од Лабуништа
– Марио Цветковски, Куманово
– Дијана Транталовска, ветеран
– Богдан Илиевски Бетмен, граѓански активист
– Светлана Колариќ, Кисела Вода
– Александар Георгиев, портпарол
– Дејан Јовановски, спортист/ кошаркар
– Анета Стојановска Стефанова
– Армен Незири, Дебар

Во ИК на ВМРО ДПМНЕ се и: Илија Димовски, Влатко Ѓорчев, Коце Трајановски, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова, Владимир Нелоски, Нермин Теловска, Зоран Ставевски, Зоран Илијоски.

– Едногласната поддршка од Централниот Комитет е голема обврска. Пожелувам на сите да работат со чест кон ВМРО, и со достоинство за Македонија! – порача Милошоски.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This