ВМРО-ДПМНЕ: Додека во соседството веќе пристигнуваат вaкцинии, Филипче меѓу последните ќе набавува што ќе значи повеќе зaгубeни животи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи, пишува во соопштение за јавноста ВМРО-ДПМНЕ.

Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат. Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија, велат од партијата.

Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе расте.

Власта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче.

Неспособноста, неодговорноста и негрижата на Зоран Заев и Венко Филипче ја носи државата во амбис.

Заев и Филипче го урнисаа македонското здравство и ја разнишаа довербата на граѓаните во здравствените установи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This