ВМРО-ДПМНЕ: Додека земјите од Европа, а особено од регионот бележат економски раст, СДСМ и Заев ја зацврстија македонската економија на европското дно со раст од 0%

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата предводена од СДСМ ја доведе економијата на Република Македонија пред целосен колапс. Заев и СДСМ се однесуваат расипнички со парите на граѓаните кои станаа жртва на погрешните политики на оваа неспособна власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека земјите од Европа, а особено од регионот бележат економски раст, СДСМ и Заев ја зацврстија македонската економија на европското дно со раст од 0%. Катастрофалните политики на СДСМ ја уништија економијата и поради тоа Македонија е закована на дното. Сите економски индикатори се во слободен пад. Градежништвото во јануари оваа година споредено со јануари 2017 година бележи пад од неверојатни 48,6%. Капитални инвестиции нема, а власта на СДСМ не е неспособна ниту да ги заврши проектите кои ги започна ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од партијата и се додава:

„Во услови кога граѓаните се повеќе осиромашуваат, власта ја дефокусира јавноста од лошите економски политики со монтирани обвиненија против патриоти и политички неистомисленици на кои единствен грев е тоа што си ја сакаат државата и не мислат исто како СДСМ и Заев. СДСМ ги гази правото и демократијата во Република Македонија. Пратеници, режисери, актери, архитекти, полициски службеници и истакнати граѓани од јавниот живот се жртва на политичкиот прогон од страна на власта само затоа што кренаа глас против погрешните и антидржавни политики на Зоран Заев и СДСМ“.

Правосудните органи, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, наместо по диктат мора што побрзо да се ослободат од притисокот на власта и да почнат да ги почитуваат законите и Уставот на државата.

-Политичкиот прогон мора што побрзо да запре, а патриотите да бидат ослободени од неоснованите и монтирани обвиненија. Ова беззаконие мора да биде запрено, а владеењето на правото и демократијата повторно да се вратат во Република Македонија.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This