April 19, 2024, 10:19 pm

ВМРО-ДПМНЕ: Докажавме дека ние сме најголем и единствен пријател на земјоделците

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро“, е името на трибините, со кое најбројната партија во Собранието почна со нов вид на комуникација со граѓаните. На денешната трибина насловена како „Отворено со Комисијата за земјоделие на ВМРО-ДПМНЕ“ говореа Драган Димитриевски, Ванчо Костадиновски, Зоран Поповски и Миле Јакимовски.

 

Димитриевски истакна дека СДСМ иако ветуваше многу, сепак покажа дека нивните политики не се насочени кон земјоделците.

-Она што во изминатиот период имавме прилика да го видиме и да го слушнеме беа прераскажуваме на мерките кои претходно ги креираше ВМРО-ДПМНЕ кој претходно подготви буџет, подготви програми и мерки, истакна Димитриевски додавајќи дека СДСМ досега промовирале само туѓи мерки и работи кои ВМРО-ДПМНЕ ги спроведувала во минатото.

 

Појасни дека во 2006 година, Владата на СДСМ не оставила никакви политики, буџетска поддршка која не надминала ниту 6 милиони евра. Според него, ВМРО-ДПМНЕ на земјоделците им оставила 25 пати зголемена буџетската поддршка на земјоделците, изградени силни институции кои спроведуваат европски политики и цел комплет на законска легислатива која овозможува реализирање на политиките кои се директно наменети за земјоделците, туку и политики кои беа од полза за земјоделците.

-ВМРО-ДПМНЕ силно се посвети на проблемите, конкретно на откупот на земјоделско-прехранбените производи. Па затоа во последните 10 години, ги немавме сликите од истурање на овошје, зеленчук итн. Ги подзаборавивме тие слики од она што го правеа земјоделците, но еве со самото доаѓање се вратија истите можеме тоа да го видиме денес на улиците, истакна Димитриевски.

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски посочи дека Македонија се враќа во времето кога земјоделците воопшто не биле третирани како категорија на луѓе кои имаат огромно значење во производството на примарните земјоделски производи.

 

 

Костадиновски вели дека она што СДСМ го предвидуваше и го пласираше како идеја навистина не даде никаков резултат.

-Немаме претстава за тоа каде е регулиран тој Интервентен фонд, дали воопшто постои како идеја. Односно од буџетот и од ребалансот што го имавме во Собранието видовме дека не само што не предвидуваат средства за нови проекти, туку и оние проекти кои што ние ги воведовме ги кратат со сума од 100 милиони денари во програмата за рурален развој, истакна Костадиновски.

Посочи дека при соочувањето со првиот посериозен предизвик, СДСМ донеле мерка која не дала никаков ефект.

-Мерката од дополнителна субвенција по предадена килограм праска кај регистрирани откупувачи воопшто не даде никаков ефект во однос на повлекување на количината во однос на производството од страна на праскопроизводителите во Росоман. Зошто? Заради тоа што евидентна беше состојбата на намалување на интерес од страна на трговци, откпувачи за купување на праската, појаснува Костадиновски.

-За многу кратко време можеме да направиме една паралела и да констатираме дека во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и времето од 100 дена во кое СДС е на власт, се покажа дека извозот на примарно земјоделско производство, но и на секундарните земјоделски преработки, пред се конзервната индустрија е во намален обем, што покажува на игнорантскиот однос на оваа Влада кон целокупниот сектор.

Ова го истакна поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

 

-Со раководењето на една институција како ште е АХВ направивме многу напори да помогнеме на сите компании, на целиот преработувачки сектор независно од кој сегмент припаѓаат, да отвориме нови пазари, знаејќи дека веќе оние пазари кои нашите производители и преработувачи ги имаа се на некој начин мали и неконкурентни, па за да им овозможиме производите да ги пласираат на што поголем број на пазари, подвлече Поповски и додаде:

Стабилноста во откупот на земјоделските производи, значи и стабилност на извоз на земјоделските производи на странските пазари.

Миле Јакимовски истакна дека во Македонија низ историјата можат да се забележат два циклични периоди во земјоделството. Според него, во времето кога СДСМ биле на власт не се работело ништо за подобрување на земјоделството, додека кога ВМРО-ДПМНЕ биле на власт, тоа било време на развивање концепции и идеји.

 

Јакимовски посочува дека поради неинвентивноста на СДСМ, 99 отсто од нивната работа е копија на мерките кои претходно ги правеле ВМРО-ДПМНЕ.

-Секогаш оригиналот е подобар од плагијатот. Нема голем успех со плагијатство и препишување и копирање на одредени мерки, истакна Јакимовски.

Вели дека СДСМ се свесни дека мерките на ВМРО-ДПМНЕ даваат успеси и токму поради тоа се убидуваат да направат одредени лоши копии.

-Знаеме сите дека од 1990 до 1998 година не само што немаше ништо, туку и наследивме одредена ситуација од екс-системот. И тогаш немаше субвенции и стимулации, туку имаше заштитни цени, посочи Јакимовски, додавајќи дека еден поранешен министер за земјоделство кој не сакаше да го именува ги тргнал заштитните цени, и го оставил земјоделството на цедило.

Вели дека со Законот за трансформација на комбинати била извршена трагична трансформација.

-Не само заради тоа што големи системи пропаднаа, туку и заради тоа што ги загубивме тогашните пазари и количини кои ние ги продававме во странство. Впрочем и денес се мачиме, главниот горлив проблем на македонското земјоделство и преработувачката индустрија е токму тоа, појаснува Јакимовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This