April 23, 2024, 10:33 am

ВМРО-ДПМНЕ: Дa ги пoтceтиме Герасимовски и Будимир дeкa 8 години Центар e вo нивeн мaндaт и e peкopдep вo издaдeни дoзвoли зa гpaдeњe

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горан Герасимовски и Андријана Будимир изгледа имаат склероза кога се расфрлаат како од ракав со ветувањата пред жителите на Центар.

Будимир треба да знае дека новата сала на Работнички нејзината партија ја ветува веќе 3 мандат. Жерновски ја вети уште во 2013-та година па дури и беше избран идеен проект за тоа како би изгледала салата. Богдановиќ исто така ја вети во 2017-та година со разлика дека ќе изгради нова сала со подземен паркинг, за сега Будимир во 2021 година ја ветува пак истата сала, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека од друга страна пак Герасимовски ветува дека ќе се борел против претераното градење во Центар а неговата партија е на власт во Центар од 2013-та година.

– Сакаме да го потсетиме Герасимовски дека за целокупниот мандат од 8 години Центар од сите општини на ниво на Република Македонија е рекордер со издадени 489 дозволи за градење од кои 310 само во мандатот на Жерновски додека останатите 179 дозволи во мандат на Богдановиќ и тоа при донесен мораториум. Дополнително предизборно општина Центар исштанца дополнителни дозволи за 200 станови, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие велат дека сите овие ветувања се само врв на лагите на СДСМ и граѓаните тоа го гледаат и знаат да го препознаат. Затоа центарци се мудри и паметни и на 17-ти Октомври ќе ја донесат вистинската одлука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This